За 50 години, од лицето на Земјата исчезнале повеќе од 50 отсто од животните: На удар се амазонските шуми

Точка

20/08/2019

10:31

3.131

Големина на фонт

а а а

Популацијата на животни кои живеат во светските шуми се намалила за повеќе од 50 отсто во последните 50 години.

Климатските промени на многу начини го загрозиле животинското царство, а Светскиот фонд за природата предупредува дека интензитетот на уништување на животните е значајно поголем од нивото на кое што бил во 1970 година. 

Шумскиот свет е од суштинска важност за здравата околина, а особено џунглите кои имаат функција на “бели дробови” на планетата. Приматите и големите птици играат голема улога во обновување на тие шуми така што сеат семиња, јадат растенија и имаат различни активности кои придонесуваат за растот и развојот.


Од 1970 година, популацијата на примати и големи птици се намалила за алармантни 53 отсто, пишувa “Daily Mail”. Најголемата штета на дивиот живот во шумите се нанесува со уништување на нивното природно живеалиште. Тоа се прави преку непланската сеча, наводнувањето и сè почестите шумски пожари.

Видовите како приматите, рептилите и птиците се загрозени и со нелегалниот лов, климатските промени и болестите. Најголемо намалување на бројот на видовите се бележи во шумите на Амазон.

Предупредувањето се однесува особено на тоа да се спречи понатамошно уништување на шумите, а се повикуваат државните власти од земјите во светот да прогласат опасност по планетата и нејзините жители во 2020 година. Потребно е да се запре уништувањето, да се препороди природата и да се поправи ланецот на исхрана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг