Пронашол порака во шише стара 50 години: "Ви посакуваме добро здравје и долг живот"

Точка

19/08/2019

16:49

1.726

Големина на фонт

а а а

Жител на Алјаска кој тргнал да собира дрва за зима, собрал нешто сосема друго - 50 години стара порака во шише.

Тајлер Иваноф во шише пронашол писмо напишано на руски, па на својот профил на Фејсбук ги повикал на помош познавачите на тој јазик да му ја преведат содржината, пишува "BBC". 

Се покажало дека писмото го напишал морнар од рускиот брод "Сулак" во 1969-та година.

Приказната за пронаоѓањето ја објавиле руските медиуми, кои му влегле во траг на авторот на писмото, капетанот Анатолиј Боцаненко.

Според зборовите на Иваноф, тој барал дрва за огрев на 30-тина километри западно од своето село Шишмареф, кога наишол на шише со капаче.

"Морав да употребам сила. Ги употребив забите за да го извлечам", рекол Иваноф за весникот "The Nome Nugget".

Шишето од внатре било суво и мирисало на вино или нешто слично. Пораката била сува.

Кога каптанот Боцаненко, сега 86-годишник, дознал дека пораката е пронајдена, на очите му се појавиле солзи радосници.

"Изгледа како мојот ракопис. Сигурно! Источна трговска рибарска флота", рекол тој за руската ТВ станица "Росија 1".

Капетанот Боцаненко ја надгледувал изградбата на бродот Сулак во 1966-та година, и запловил на него во 1970-та.

Пронаоѓачот на пораката во шише рекол дека е кул што мала порака израснала во цела приказна, додавајќи дека размисли и самиот да направи нешто слично и еден ден да прати порака во шише.

"Тоа е нешто што веројатно би можел да го направам со моите деца во иднина", рекол тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг