Почина Питер Фонда: Славниот актер ја изгуби битката со ракот

Точка

17/08/2019

13:34

1.798

Големина на фонт

а а а

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови. Питер е син на актерот Хенри Фонда, брат на актерката Џејн Фонда и татко на актерката Бриџит Фонда.

Во 1969-та година, тој станал продуцент и коактер со Денис Хопер и Џек Николсон во филмот, кој станал култен и се здобил со меѓународна слава со својата премиера во 1969-та година – ,,Голи во седло” (Easy Rider).

Филмот го направил Фонда идол на хипи-движењето и херој на новиот Холивуд. Со екипа која ја сочинувале и Денис Хопер и Џек Николсон, филмот уривал рекорди во кино-салите.

Фонда зад себе остави стотици други филмски остварувања. Неговиот последен филм – критика на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон бегалците, треба да биде прикажан годинава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг