По венчавката во Италија, манекенката Хајди Клум (46) и нејзиниот 17 години помлад сопруг, музичарот Том Каулиќ (29), уживаат на одмор во Хрватска.
Наиме, јахтата со име „Christina O“ на која германската убавица и нејзиниот избраник се венчале, вчера била забележана во Заблач, а денес тргнала кон националниот парк Корнати.
Пред тоа Хајди и Том крстареле околи Мљет и Вис.
Хајди на својот Инстаграм профил објавила многу фотографии на кои се гледа како ужива со својот сопруг на јахта.
На крајот “паднал“ и сочен бакнеж на јахтата.