Паника во САД, им снемува копно: Ги "стигнала" клетвата на рускиот цар и ништо добро не ги чека во наредните години

Точка

16/08/2019

17:33

7.524

Големина на фонт

а а а

Пред 152 години, Руското царство ја продало Алјаска на Америка. Во таа 1867-ма година, Русија на САД и ја продала таа територија за симболични 7,2 милиони долари.

Само во текот на првите 50 години од владеењето над таа земја, Американците на неа заработиле барем сто пати повеќе. Многумина до денес сметаат дека Американците ја украле Алјаска од Русите, или ја земале на заем, па не ја вратиле, поради што наводно рускиот цар ги проколнал. 

Официјалното предавање на територијата било реализирано во Новоархангелск. Американската и руската војска се построиле покрај столбот за знамето, од кој со топовски удари почнало спуштањето на руското знаме. Меѓутоа, знамето замрзнало на самиот врв. Морнарот кој се качил да го отстрани го фрлил доле и тоа случајно паднало директно на руските бајонети. Тоа било лош предзнак.

Оваа најсеверна и најголема држава на САД денес незапирливо се намалува. Во текот на наредните години многу населби на Алјаска ќе се најдат под вода поради климатските промени.

Од 213 населби на Алјаска, би можеле да бидат поплавени 184, а уште 20 ќе мора итно да бидат преселени. Њуток ќе потоне прв. Станува збор за населба во која 400 жители живеат меѓу Беринговото море и две реки.

Вечниот мраз повеќе не е "вечен". Мразот се топи и така расте нивото на океаните, па нивното парче земја се претвора во мочуриште. Сега по населбите може да се движи само со посебни дрвени платформи. Во морето секоја година одат неверојатни 30 метри брег.

Жителите на Њуток полека градат ново село, на 14 километри подалеку од местото каде претходно живееле нивните претци. Новата населба ќе се вика Мертарвик, што на јазикот на староседелските народи "место за собирање на вода". До таму ќе може да се оди само со чамец.

Станува збор за висорамнина и бескрајна тундра. Засега се изградени седум куќи. За во целост да се изгради новата населба со училиште, неопходен е аеродром, електрана и водовод, а за тоа се потребни повеќе од 100 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг