„Ти си шампион!“: Новак сретнал дете кое го победило ракот, а неговиот гест ги воодушевил сите во Синсинати!

Точка

16/08/2019

11:12

3.888

Големина на фонт

а а а

Специјален гостин. Пред натпреварот во Синсинати против Шпанецот Пабло, Новак Ѓоковиќ имал посебен гостин на својата клупа

Ѓоковиќ прво му дал шише со вода, потоа го избришал со крпата, како што тоа го прават вистинските тенисери.

На многумина не им било јасно кој е специјалниот гостин на српскиот тенисер и што се случува.

За што всушност се работело Ноле објаснил по натпреварот и победата над шпанскиот тенисер.

„Ова храбро момче го победил ракот... А дијагностициран му бил кога тој бил десетдневно бебе! Преживеал и сега со право ја носи маицата на која пишува „Шампион“! Ова дете е апсолутен шампион!“ - напишал Ѓоковиќ.

Погледнете го видеото:




Спонзорирани линкови

Маркетинг