Боженствен тропски остров чиј најстар жител има “само“ 194 години

Точка

16/08/2019

09:45

4.653

Големина на фонт

а а а

Островот Чангу кој припаѓа на Занзибар познат е по неколку работи, а една од нив се џиновските желки кои живеат таму.

Иако на картата е запишан со името Чангу, островот во близина на Занзибар познат е и како “Затворски остров“ или “Островот на желките“.

Тоа егзотично место е едно од неколкуте во светот на кое живеат тие огромни желки, а од Занзибар оддалечен е само неколку километри.

Името “Затворски остров“ го добил поради затворскиот комплекс во кој биле чувани робовите. Објектите кои подоцна биле претворени во мизеј и хотел потсетуваат на тоа мрачно минато.

Туристите кои на островот пристигнуваат со чамци ја користат можноста да ги хранат желките. Надлежните власти вложуваат напори за заштита на островот и неговите жители, па на оклопот на секоја желка ја пишува и нејзината старост. Најстарата има 194 години.

Желките кои посетителите во текот на денот ги хранат со овошје и зеленчук во текот на положувањето на нивните јајца се повлекуваат во мирна средина, далеку од очите на јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг