"Сите мора да го напуштат селото до среда, радијацијата се зголеми"

Точка

14/08/2019

18:20

4.493

Големина на фонт

а а а

Руската метеоролошка агенција објавила дека нивото на радијација во градот Северодвинск на северот на Русија пораснало од 4 до 16 пати, по експлозијата при тестирање на ракетен мотор од морска платформа.

Руските власти ги советувале жителите на Нионксе да го напуштат селото по несреќата која предизвикала раст на нуклеарното зрачење, а лекарите кои ги третирале жртвите биле пратени во Москва на медицински прегледи, објавиле во вторникот новинските агенции Interfax и TASS. 

Руската метеоролошка агенција објавила дека нивото на радијација во градот Северодвинск на северот на Русија пораснало од 4 до 16 пати, по, тврдат властите, експлозијата при тестирањето на ракетниот мотор од морската платформа.

И натаму не се знае зошто експлозијата предизвикала засилено зрачење.

"Добивме известување за планираните активности на воените власти. Во таа смисла, жителите на Нионксе се повикани до 14-ти август да го напуштат селото", објавиле властите на Северодвинск, пренесува Interfax.

Според TASS, лекарите кои им помагале на жртвите на несреќата биле пренесени во Москва на преглед, а пред да одат потпишале документ со кој ветиле дека нема да откриваат информации за инцидентот.

Министерството за одбрана прво објавило дека позадинското зрачење останало на нормално ниво по несреќата во четвртокот, но градските власти на Северодвинск откриле дека бил забележан краток раст на нивото на радијација.

Greenpeace тврди дека зрачењето пораснало за 20 пати, додека руската метеоролошка агенција Росгидромет во вторникот објавила дека пораснало за 4 до 16 пати.

Русија дури во саботата признала дека експлозијата во базата за лансирање на проектили била од нуклеарен карактер и дека притоа загинале најмалку пет лица.

Во соопштение руската нуклеарна агенција "Росатом" објавила дека во таа експлозија смртно настрадале пет членови на нивниот персонал и дека три лица се здобиле со изгореници.

Росатом прецизирала дека нејзиниот персонал давал техничка поддршка за "изотопски извор на енергија" на моторот на проектилите, додека војската не спомнувала нуклеарно гориво.

Жителите на Северодвинск направиле резерви од јод кој го користат за намалување на ефектите од изложеност на зрачење.

Најтешката нуклеарна несреќа во историјата се случила во 1986-та во поранешниот Советски Сојуз во украинската централа Чернобил. Тогаш властите биле обвинети дека неколку недели се обиделе да ги прикријат размерите на катастрофата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг