Очи како маус: Листајте, снимајте и испраќајте мејлови со вашиот поглед

Точка

14/08/2019

16:12

1.789

Големина на фонт

а а а

Паметните очила со кои се управува со поглед и кои самостојно ги обработуваат податоците се нешто што можеби звучи како научна фантастика. Меѓутоа, една компанија од Виена не мисли така.

Додека спонтано шетате на плоштадот пред виенската катедрала Свети Стефан, ја погледнувате заинтересирано – а системот на вашите паметни очила го препознава објектот и автоматски, во вашето видно поле ви ги прикажува сите потребни информации за него. 

Ова е само еден од примерите како може да се користи оваа технологија.

Вашите очи, во текот на употребата на овој уред, ја преземаат улогата на компјутерски маус. Со очите можат да се бираат сите занимливости, а системот е во состојба да направи видео запис или фотографија и при тоа директно да ја испрати на саканата мејл адреса.

Многу компоненти се произведуваат со помош на 3D печатач, а електрониката рачно се вградува во очилата.


Иако првобитниот план на производителот, виенската компанија ViewPointSystem, бил да се префрли производството во Силиконската долина во Америка, благодарение на поттикнувањата од Европската унија, одлучено е производството да остане во Австрија.

Треба да се напомене и дека слични уреди веќе постојат во понудата на поголемите играчи како што се Google, Microsoft и Sony.



Спонзорирани линкови

Маркетинг