Новиот iPad би можел да има три камери

Точка

12/08/2019

15:19

448

Големина на фонт

а а а

Како што е познато, наскоро Apple ќе ја претстави новата генерација на iPhone која што ќе има три камери на задната страна, а исто така три камери на задната страна ќе има и новиот iPad Pro.

Apple во текот на оваа година ги претстави унапредените iPad Mini и iPad Air, а сега се очекуваат новите модели на iPad и iPad Pro кој би можел да има нов систем на камери на задната страна.

Според неколку извори од американската компанија, најмоќниот модел, iPad Pro ќе добие три камери на задната страна, исто како и новиот iPhone 11 кој ќе користи сличен систем на камери кој веќе подолго време се користи кај конкуренцијата.


Исто така, новата генерација на iPad, односно поевтината верзија ќе користи две камери. Се шпекулира дека двата модели на iPad би требало да се појават на пазарот во октомври оваа година.

Apple користеше две камери на задниот дел на неколку претходни генерации на iPhone, но никогаш овој систем на камери не беше користен за таблетите на компанијата. Најновиот iPad Pro има една камера од 12 мегапиксели, додека пак iPad Mini, iPad Air и iPad користат камера од 8 мегапиксели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг