Пендаровски побара кривична и политичка одговорност од вмешаните во ,,Рекет”

Макфакс

12/08/2019

13:31

1.887

Големина на фонт

а а а

Сведоци сме на огромна криминална афера, која ги трасе темелите на важни државни институции. На почетокот на аферата ,„Рекет” кажав дека сум разочаран од тоа што го слушнав. Место брза истрага надлежните отидоа на одмор. Снимките предизвикуваат разочараност и оправдан револт, јас како човек, не како претседател сум разочаран, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција во врска со случајот ,,Рекет” во кој беа уапсени Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и бизнисменот Зоран Милески,познат како Зоки Кичеец.

„Барам прво ефективно и темелно завршување на истрагата, второ обвиненија против сите за кои има докази, трето освен кривична одговорност инсистирам и на политичка одговорност и најдобро е сите чии имиња се споменати самоиницијативно да дадат изјави пред обвинителството”, рече Пендаровски. 

Според претседателот, извесно е дека се вмешани луѓе од различни профили бидејќи на снимките се слушнаа гласови на бизнисмени и на обвинителка.

Пендаровски додаде дека СЈО треба да продолжи да функционира во рамки на Обвинителството за организиран криминал и рече дека доказите за предметите на СЈО не може да се сметаат за невалидни. Според него, индивидуалната одговорност на еден обвинител не може да се поврзе со сите во специјалното обвинителство.

Разочаран сум од Катица Јанева


,Од она што досега го слушнавме за Катица Јанева, како човек, разорачан сум”, изјави претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата за случајот „Рекет“.

Тој рече дека со Боки 13 се сретнал двапати – на интервју во 1ТВ и претходно во 2015 година на протестите на СДСМ.

Пендаровски побара ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“, со почитување на пресумпцијата на невиност.На денешната прес-конференција Пендаровски рече дека е разочаран од она што го слуша и повика на брза и темелна истрага.



Спонзорирани линкови

Маркетинг