Објавена снимка како Боки 13 ги зема парите од Орце Камчев

Макфакс

08/08/2019

09:40

11.678

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот весник „La Verita“ објави видео на кое се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец со торба со пари излегуваат од домот на Орце Камчев. На видеото се гледа и како се бројат спакуваните пари.

Италијанскиот весник утрово обjави и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое тој му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.

„Катица нема да употреби вонредни правни лекови за да одолговлекува, понеделник вторник вие сте слободен“, му вели Боки 13 на Орце Камчев.

Транкрипт од аудиоснимката на крајот од видеото:

Боки 13: Во понеделник ќе ве ослободат.

Камчев: Добро.

Боки 13: Вторник најкасно веројатно. Врховен ќе ве ослободи.

Камчев: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник.

Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби.

Камчев: А Апелација?

Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продолжува, да го одолговлекува, понеделник вторник, вие сте на слобода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг