Оваа фирма почнала да работи само четири дена во неделата, резултатите ги изненадиле многумина

Точка

07/08/2019

10:31

3.896

Големина на фонт

а а а

Некоја фирма во Австралија вовела три слободни денови во неделата и веќе по еден месец забележале големи промени.

Медиумската агенција „Верса“ од Мелбурн стигнала во светските медиуми поради продолжениот одмор кој вработените го имаат секоја недела, а нивните надредени велат дека тој модел е апсолутно успешен.

Вработените во „Верса“ освен во сабота и недела слободни се и во среда.

Генералниот директор Џони Клоу изјавил: „Ние доследно ги затвораме канцелариите во среда, што на нашиот тим му овозможува во животот да има време и за нивното семејство, спорт иули спиење, а да не мора сето тоа да го прави само во текот на викендот“.

Четиридневното работно време директорката Кат Блакман го тестирала минатата година и апсолутно се воодушевила од резултатите.

Откако пробала многу флексибилни аранжмани кои не успеале (луѓето земаат толку различни слободни денови што невозможно е да се управува со тоа), Кат сфатила дека може да создаде еден дополнителен слободен ден за сите. „Среда има смисла затоа што е на средина на седмицата. Создадовме модел “две мали седмици“ и тој одлично функционира“ - вели Кат.

„Тоа е толку многу добро што еден месец се претвори во три, потоа во шест, а на крајот помина една година, но тоа сè уште е проба. На луѓето јасно им даваме до знаење дека доколку престане да функционира ќе престанеме да го правиме тоа“ - продолжила таа и додала дека вработените се пресреќни.

„Самиот приход порасна за 46 отсто, а задржувањето на луѓето е од 72 отсто до 88 отсто. Луѓето се среќни, а фирмата успева и се надеваме дека нашата приказна ќе им помогне и на другите компании да бидат доволно храбри да го направат тоа“ - заклучите тие.