Косовскиот амбасадор го посети Морина во притвор: Очекуваме набргу тој да биде ослободен

Макфакс

06/08/2019

14:43

1.550

Големина на фонт

а а а

Косовскиот амбасадор во земјава, Ѓерг Дедај, го посети Томор Морина во притворот во Шуто Оризари. Тој наведе дека очекува Морина набргу да биде ослободен затоа што правдата е негова страна.

„Им се заблагодаруваме на институциите на Република Северна Македонија, Управата на притворот Шутка во Скопје, за нивниот фер и пријателски третман, што ни ја овозможи нашата посета на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина, претходно приведен од македонските власти. Томор беше многу смирен, се чувствуваше целосно невин, достоинствен и оптимист, чекајќи ослободување, бидејќи правдата е на негова страна и очекуваме многу брзо тој да се врати кај семејството во Косово“, напиша Дедај на „Фејсбук“.

Морина беше приведен пред две недели на граничниот премин „Блаце“ по потерница издадена од Интерпол. Тој е поранешен член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), а Србија бара тој да биде екстрадиран од Северна Македонија.

Вицепремиерот Бујар Османи пред една недела изјави дека лично се заложил за ослободување на Морина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг