Роналдо: Колку пари потроши Барселона во изминативе четири години, а сепак…

Дерби

30/07/2019

14:17

3.108

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо вчера ја доби наградата за животно дело од страна на угледната „Марка“ и беше прогласен за жива легенда на Реал Мадрид, признание кое со голема насмевка на лицето го прими актуелната ѕвезда на Јувентус.

Португалецот пред точна една година ја заврши својата незаборавна етапа како член на клубот од шпанската престолнина, а покрај тоа што беше пријателски настроен кон Флорентино Перез со кого за првпат имаше блиска средба по заминувањето од Реал, беше пристоен и срдечен со новинарите на „Марка“ со кои направи долго и опширно интервју.

Во истото, Роналдо нагласува дека му бил потребен нов предизвик во кариерата после сето она што го оствари и освои со Реал Мадрид, а запрашан дали Јувентус е главен фаворит за титулата во Лигата на шампионите по трансфер пазарот кој го има, Португалецот даде една интересна, но и зајадлива изјава.

– Секоја година јавноста вели ека е година на Јувентус, на Реал Мадрид, на Барселона. Натпреварување како Лигата на шампионите го освојува само еден. Ќе ви дадам добар пример со Барселона. Колку пари потрошија во изминативе четири години за нови играчи, а и покрај тоа не ја освоија Лигата на шампионите. Едноставно тоа не функционира така. Јуве се засили многу добро, тоа е тим кој се бори за победи, но освојувањето на Лигата на шампионите зависи од многу фактори. Групата во која се наоѓате, противниците кои ќе ги имате, моментумот на тимот, повредите на играчите, и секако среќата. Не смее Лигата на шампионите да стане опсесија. Јуве ќе ја освои сигурно, ако не оваа година, за една или две. Поради начинот на кој работи клубот, ги има сите предуслови да го освои овој трофеј во блиска иднина, – потенцира Роналдо.