Вечерва од Аеродром тргнува традиционалниот Илинденски марш

Нетпрес

27/07/2019

16:14

2.029

Големина на фонт

а а а

Традиционалниот Илинденски марш, вечерва започнува од општина Аеродром. Коњаничкиот марш на 2 -ри август треба да пристигне во Крушево на централната прослава на најголемиот македонски национален празник Илинден.

Помеѓу дваесетте коњаници, во коњаничкиот марш ќе учествуваат и три жени.

Вечерва свеченото дефиле ќе се одвива во црквата „Свети Петар и Павле“, каде коњаниците ќе побараат благослов за шестдневниот пат кон Мечкин Камен. На коњаниците од Скопје ќе им се придружи и група коњаници од Маврово и заедно ќе влезат во Крушево.



Спонзорирани линкови

Маркетинг