Европа "гори", во овие градови има најврели денови во историјата: Шините се топат и се криват, патниците бесни

Точка

26/07/2019

20:12

5.506

Големина на фонт

а а а

Екстремните температури уследиле само еден месец откако земјата го забележале најтоплиот јуни во историјата.

Германија, Холандија и Белгија го забележале највисокиот национален температурен максимум, а Париз имал најтопол ден во историјата за време на вториот топлотен бран кој ја погодил западна Европа. 

Екстремните температури уследиле само еден месец откако земјите го забележале најтоплиот јуни во историјата, пренесува "Guardian".

Научниците велат дека климатската криза прави летните горештини да бидат пет пати поинтензивни.

Холандскиот рекорд од 39,3 степени, забележан во градот Ајндховен, траел помалку од 24 часа, кога на живата на метеоролошката станица на јужната воздушна база Глизе-Ријен во четвртокот биле измерени 40,4 степени.

Во Белгија во четвртокот температурата пораснала на 40,6 степени, поставувајќи нов национален рекорд.

"Ова е највисоката забележана температура за Белгија во историјата, од почетокот на мерењето во 1833-та година - изјавил Алек Давалкуе од Метеоролошката станица.

Националната служба за временска прогноза ДВД во Германија соопштила дека во четвртокот измерила 41,5 степени во северозападниот град Линген, а тоа е прв пат во земјата да бидат измерени повеќе од 41 степен. Рекордот дошол само еден ден откако на национално ниво 40,5 степени биле забележани во Северна Рајна Вестфалија.

Метео-Франс соопштила дека живата на станицата во француската престолнина го надминала претходниот рекорд од 40,4 степени, поставен во јули 1947-ма година, а потоа температурата продолжила да расте и достигнала 42,6 степени.

Нов рекорд бил поставен и во Велика Британија, а температурата се искачила над 39 степени.

Додека горештините веќе втор ден ја погодуваат Велика Британија, дошло до големи проблеми во сообраќајот, поточно на пругите и аеродромите.

Како што пренесува "Sky News", железничките компании ги повикуваат патниците да одат само на итни патувања, додека шините се топат и криват под високите температури.

Големите горештини довеле и до откажани или одложени летови на аеродромите ширум земјата, а бесните патници споделуваат фотографии на кои се заглавени на Хитроу.

Илјадници луѓе останале на железничките станици и на аеродромите, жалејќи се на судбината која ги снашла. Некои морале да преспијат на подот на аеродромите.

Метеоролозите најавуваат пријатно олеснување во деновите за викендот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг