Турција и Египет се најпосакувани дестинации за ова лето за каде се зголемени цените на аранжманите, а за Грција според едни туристички агенции е намален бројот поради зголемувањето на цените според други се уште важи за најпосетувана дестинација од Македонците. Оние со „подлабок џеб“ се одлучуваат за Бали, Малдиви, Занзибар и Тајланд.
- Од автобуските програми најголем интерес има за Грција, поточно за Халкидики, голем избор на апартманско и хотелско сместување во Ситонија, Сарти, Каламици, Торони, Никити… цените за наем се движат од 350-800 евра за наем на 10 ноќевања, во зависност од периодот и големината на студиото или апартманот – велат од Т. А Пет.
Интерес има и за Црна Гора, поточно за Будва и Чањ.
Од авионски програми има интерес за Крит и Родос во Грција, Тунис, Турција и Египет. Зголемен е бројот на патници за Крит и Родос, како и за Тунис.
Интересот за сите дестинации е голем и капацитетите се скоро пополнети.
Од далечните патувања, зголемен интерес има за програмот за Занзибар, Сингапур со Бали, Тајланд...
Поради големиот интерес за летнава сезона, очекуваме дека на сите дестинации ке имаме пораст од 35% во однос на минатата година.
Во исто време зголемен е бројот на странски туристи кој преку нас го поминуваат својот одмор во Македонија, огромен е интересот за авантуристичките и манастирските тури.
Најпосетувана и најбарана дестинација оваа година според Т.А. Фибула е Турција, но велат не треба да се потценат ни Грција, ни Кипар. Тие имаат 3 чартери неделно за Анталија и тоа почнувајќи од 17.05 до 27.09.
- Во споредба со претходната сезона, оваа година имаме голем раст на туристи испратени во Турција и Грција, затоа што сепка оваа година имаме за првпат три чартери од Скопје за Анталија неделно, оваа година очекуваме 8.000 туристи во Турција да пратиме и 15.000 во Грција, за разлика од претходната сезона која беше 30% пониска бројката.
Цените за Турција се движат од 600 евра за двајца во хотел со 3* на база all inclusive со вклучен авионски превоз, аеродромски такси и трансфер, па се до 50.000 евра de luxe хотели. Додека за Грција цените почнуваат од 99 евра, па нагоре, но апартманско сместување.
Од Т.А Аурора, велат дека и покрај зголемувањето на цените за Турција годинава е најбарана дестинација. Египет со најубавиот подводен свет на Црвеното море втор. Од почетокот на сезоната 5 мај до крајот на септември би требало 50 чартери и 10 000 туристи да има за Турција и 27 за Египет со 4.500 туристи , што е повеќе од минатата година. Не изостануваат ниту Шпанија и Малта. Има интерес и за Бали, Занзибар, Тајланд и Малдиви.