Таткото на Новак ја откри шокантната тајна која долго ја чувале од јавноста: „На Ноле му нудеа државјанство овие велесили! Еве како им се “заблагодари“

Точка

20/07/2019

11:00

8.684

Големина на фонт

а а а

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак, гостувајќи во емисијата на Миломир Мариќ на телевизија „Хепи“, раскажал некоја анегдота од пред неколку години.

Срѓан во живо во емисијата открил дека Новак имал можност да добие државјанство од Велика Британија и заедно со Енди Мари да доминира во Дејвис купот во годините кои биле пред нив.


„Јас и мојата сопруга разговаравме со Британците. Нивната идеја беше да ги спојат Новак и Енди и долго да владеат во тенисот и да го освојуваат Дејвис купот. Му понудија државјанство. Сепак, Новак е Србин, неговото битие е српско. Не им го кажав тоа веднаш туку им кажав дека ќе разговараме со децата и дека потоа ќе им се јавиме да им ја кажеме одлуката“ - раскажал Срѓан Ѓоковиќ.


„Ноле тогаш имаше 19 години, но многу добро знаеше што сака“.

„Јас појдов и им го раскажав сето тоа. Дека ќе имаат можност да живеат таму и да ги имаат најубавите услови на светот. Знаете каков беше нивниот одговор? Никаков. Па, не постоеше никаква сила која би ја променила таа ситуација. Ние сме Срби и останавме Срби до крај“ - раскажал Срѓан во детали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг