Расел: Вилијамс и Волф ја поддржуваат мојата работа

КРУГ.МК

19/07/2019

17:03

566

Големина на фонт

а а а

Неговите двајца колеги од јуниорската серија кои во пресрет на оваа тркачка сезона дојдоа заедно со него во врвот на моторспортот, Ландо Норис од Мекларен и Александер Албон од Торо Росо, имаат многу подобри перформанси и освојуваат поени.

„ВООПШТО НЕ СУМ ЗАГРИЖЕН ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ. ЗНАМ ДЕКА МОЈАТА КАРИЕРА ЗАВИСИ ОД МАЛА ГРУПА НА ЛУЃЕ КАКО КЛЕР ВИЛИЈАМС И ТОТО ВОЛФ. САМО ТИЕ СЕ СВЕСНИ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО КОЈА СЕ НАОЃАМ И ЗНААТ КОЛКУ ДОБРО СИ ЈА ВРШАМ СВОЈАТА РАБОТА.

СРЕЌЕН СУМ ЗА ЛАНДО И АЛЕКС. АКО ДВАЈЦА МЛАДИ ВОЗАЧИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ БОРАТ ПРОТИВ ПОИСКУСНИТЕ РИВАЛИ, ТОА Е ДОБРО И ЗА МЕНЕ“, ИЗЈАВИ РАСЕЛ ЗА ФРАНЦУСКИ AUTO HEBDO.

Позитивна работа за 21-годишниот возач сезонава е што редовно е подобар и побрз од својот колега, многу поискусниот полјак Роберт Кубица.

„НЕ СЕ СПОРЕДУВАМ СО МОЈОТ КОЛЕГА, НО АКО ГО НАПРАВМ ТОА ГЛЕДАМ ДЕКА СУМ ПОДОБАР И ТОА Е СЕКОГАШ ОДЛИЧНО“.

Тој не пропушти и да ги демантира шпекулациите дека добива посилен пакет од тимот, одошто тоа на располагање го има неговиот колега.

„СИТЕ ИМААТ ПРАВО НА СВОЕ МИСЛЕЊЕ, НО ЈАС СЕ ОБИДУВАМ ДА СЕ КОНЦЕНТРИРАМ НА ОНА ШТО Е МОЈА РАБОТА. ОДЛИЧНО СЕ СЛОЖУВАМ СО РОБЕРТ, НА РАЗЛИЧНИ ДЕЛОИ ОД КАРИЕРАТА СМЕ И НЕ КРИЕМЕ НИШТО ЕДЕН ОД ДРУГ. НА КРАЈОТ НА ДЕНОТ, РЕДОВНО ИМАМЕ СЛИЧНО МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО ТОА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОДОБРИ НА БОЛИДОТ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг