Објавен првиот трејлер за “Hustlers” – Џенифер Лопез и Карди Би во улога на секси стриптизерки

Точка

17/07/2019

17:46

2.995

Големина на фонт

а а а

Откако кон почетокот на годината беше најавено филмското остварување “Hustlers” во кое Џенифер Лопез и Карди Би ќе се најдат во улога на стриптизерки, конечно излезе и неговиот прв трејлер.

Филмот “Hustlers” е инспириран од напис од “New York Magazine” од 2016 година, а приказната е за неколку поранешни стриптизерки кои се здружуваат и ги мамат богатите клиенти од Вол Стрит. 


Во “Hustlers”, освен Џеј Ло и Карди Би, се појавуваат и Лили Рејнхарт, Меделин Бруер, Лизо, Кеке Палмер, Констанс Ву и Џулија Стајлс.

“Ноќна мора ми е само кога ќе помислам на тоа. Се разоткривам себеси на начин на кој никогаш не сум се разоткрила во ниту еден свој филм”, изјавила Лопез на прашањето за сцените во кои игра стриптиз.

Премиерата на филмот е закажана за 13-ти септември оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг