Популарната манекенка ја откри емотивната приказна која ја крие нејзината мала тетоважа

Точка

17/07/2019

12:17

3.647

Големина на фонт

а а а

Супермоделот и поранешна партнерка на актерот Брели Купер, Ирина Шајк, го откри значењето на нејзината мала тетоважа која веќе со години ја има на глуждот од ногата.

Ирина го истетовирала името на нејзината покојна баба Галина со чиј живот отсекогаш била фасцинирана и која многу ја сакала.

Нејзината баба Галина во тинејџерските денови била шпионка во Втората Свеска војна, а кога се родила Ирина таа била една од заслужните личности за нејзиното воспитување, раскажала манекенката во интервју за „Harper's Bazar“.


„Мајката на мојот татко беше една од најсилните жени во мојот живот. Растејќи покрај неа научив многу за животот и за тоа колку жените можат да бидат силни“ - изјавила Ирина.

„Мојата баба е неверојатна жена. Кога започна Втората Светска војна таа имаше 20 години. Беше народен херој и доби многу признанија за својот допринос во борбата против нацистите. Таа ми е мото во животот“ - изјавила Ирина.

Ирина ја одгледале нејзините две баби, мајка и сестра.

„Во нашето семејство немаше мажи. Жените секогаш сè правеа сами. Жените можат да чуваат деца, жените можат да работат, можат да чистат, да готват и да работат тешки физички работи. Жените можат сè!“ - додала Ирина.

Дека баба ѝ многу ѝ значела, докажува и фактот што Ирина инспирацијата за името на својата ќерка Ли де Сеине го пронашла во приказните на својата баба Галине.




Спонзорирани линкови

Маркетинг