Иванка Трамп, (38), ќерката на Ивана Трамп, поранешниот модел и првата сопруга на претседателот на САД, Доналд Трамп, пристигнала со својата луксузна јахта во Црна Гора.
Нејзината јахта моментално е на луксузното пристаниште Порто Монтенегро, во Тиват.
Како што пренесуваат српските медиуми, Иванка во Црна Гора дошла службено, односно поради проект.
Да потсетиме, ова не е првпат ќерката на Трамп да крстари по Јадран. Иванка во 2016-та година со семејството и пријателите, во Хрватска, поточно Дубровник, изнајмила јахта долга 138 метри. Таа во одморот и возењето уживала со својот сопруг.
Инаку, јахтата „Rising Sun“ е поим за луксуз, со оглед на тоа дека има 5 спрата и 82 соби. Катовите меѓусебно се поврзани со лифт, има голем спа центар, теретана, кино, кошаркарски терен, музичка просторија со клавир и други инструменти, базен, вински подрум, а на неа може да слета и хеликоптер.