Летото некогаш значеше убаво, сончево, топло и спарно време, а дождот и бурните ветрови беа реткост. Меѓутоа, во последните години често времето нè изненадува, па многу е важно да знаеме како да се однесуваме ако одненадеж се најдеме во епицентар на бура.
- Не тргајте на пат ако видите дека се најавува временска непогода;
- Штом чуете грмотевица, сокријте се во затворен простор. Пронајдете безбедно место, како што е купатилото;
- Не го заборавајте правилото од 30 секунди. Штом видите гром почнете да броите до 30. Ако го слушнете ударот на громот пред истекувањето на 30 секунди, веднаш влезете во затворен простор. Не излегувајте половина час после последниот удар на гром;
- Ако непогодата ве затекнала на отворено, седнете на земја и потрудете се што е можно помала површина на телото да допира на земјата;
- Тргнете се од бетонски подови и ѕидови - громот може да помине и низ металните кабли;
- Доколку сте во затворена просторија, веднаш тргенете се што подалеку од прозори;
- Во екот на невремето никако не одете кон апартманот, бидејќи ветровите можат да подигнат киоск или дрво кое може да ве убие.