Актерката Кејти Холмс најчесто ја гледаме со собрана коса, но изгледа дека таа одлучила да направи целосна промена во изгледот.
Со ваква фризура досега сè уште не сме ја виделе – Кејти ги израдувала своите обожаватели со новите фотографии на Инстаграм, на кои изгледа прекрасно. Холмс објавила неколку црно-бели фотографии на кои се гледаат локните кои одлично ѝ прилегаат.
Обожавателите коментирале дека таа изгледа како пин-ап девојка, а за тоа придонел и провокативниот црн корсет кој таа го носела за време на снимањето.
Новата фризура ја претворила холивудската актерка во вистинска заводничка, а веруваме дека ваквата фризура ќе ве инспирира и вам да ја испробате бидејќи е идеална за жешкото лето и летните излегувања .