Наташа Јаковлевиќ: Сонцето влијае на ослободувањето на хормонот на среќата

Точка

10/07/2019

11:50

2.701

Големина на фонт

а а а

Со потоплите денови, се ослободуваме од вишокот на облека и ја изложуваме кожата на сончевите зраци. Не треба да се плашиме од сонцето, бидејќи е корисно за многу процеси во нашето тело, сонцето не е штетно доколку одговорно, правилно и контролирано се однесуваме.

Сите знаеме дека Сонцето е извор на животот, учествува во синтезата на витамин Д влијае на ослободување на хормонот на среќата. Прекумерно и неконтролирано изложување треба да се избегнува, бидејќи, во спротивно, без сомнение, може да предизвика оштетување на кожата. 

Како да ја подготвите кожата за плажа? 


[Д-р Наташа Јаковлевиќ-дерматолог]

Хидрирање на кожата

Кремите со навлажнувачки ефект не ја заштитува кожата од сонцето, но на некој начин ја намалуваат штетата од прекумерното изложување на сонцето. Колку повеќе нашата кожа е изложена на сонце, таа станува по исушена, а сувата кожа станува поподложна на штетните УВ зраци. Изберете квалитетен хидратантски крем кој ќе помогне во обновувањето на заштитниот слој на кожата.

Пилинг на кожата 

Пилингот на кожата помага во ослободување од мртвите клетки кои се акумулираат и спречуваат дури и потмнување. Но, пилинг го отстранува заштитниот слој на површината на кожата, што ја прави вашата кожа посензитивна за УВ зраците.

Затоа се препорачува да почекате неколку дена помеѓу пилинг и изложување на сонце.  

Храна богата со каротен и витамин Е 

Благодарение на антиоксидантните својства, храната богата со бета-каротен и други каротеноиди, како што е ликопен, може да ја подобри заштитата на вашата кожа од УВ зрачење.

Најдобри извори се морков, тиква, спанаќ, тиквички, броколи,кајсија, домат и диња. Витаминот Е, кој се наоѓа во растителни масла, бадеми и ореви, исто така, обезбедува заштита од сонцето. 

Избор на креми за сончање 

Постепено изложувајте се на сонце 

Прво изложување на сонцето не треба да трае со часови , бидејки ризикувате да изгорете и да го зголемите ризикот од рак на кожата. Никогаш немојте да бидете изложени на сонце без примена на соодветни креми за сончање со висок фактор.

Постојат три типа на ултравиолетови зраци, УВА, УВБ и УВЦ. УВА зраците сочинуваат дури 95% од воздухот што доаѓа кај нас и тие се присутни во текот на целата година, без оглед на годишните времиња.

УВА зраците се одговорни за сончеви алергии, стареење на кожата и нарушувања на пигментацијатаа и за жал може да бидат причина за појава на рак на кожата.

УВБ зраците се виновници за нашите изгореници во текот на летото.

 Затоа, кога купувате креми за сончање потребно е да имаат УВА и УВБ заштита.Постојат некои креми кој не содржат УВА заштита. Кога е присутна, таа секогаш е означена на пакувањето на производот.

Што значи СПФ? 

Фактор за заштита од сонце (SPF) е мерка која покажува колку долго можете да останете на сонце без ризик од изгореници.  

На пример, ако немате заштита за 10 минути би добиле изгореници, SPF 30 теоретски ќе ви овозможи да останете на сонце не повеќе од 300 минути.

Типот на кожата и индивидуалното време на природна заштита на кожата играат клучна улога во изборот на соодветен фактор на СПФ.

Заштитниот ефект на сончањето зависи од УВ филтри. Тие ги рефлектираат или отфрлаат повеќето УВ зраци и со тоа го продолжуваат времето на природна заштита на кожата.

Минерални филтри:

Минералните УВ филтри во производите за заштита од сонце се состојат главно од титаниум диоксид и цинк оксид. Заштитниот механизам на овие УВ филтри не работи само на принципот на апсорпција на сончевата светлина, туку и физички ефекти, т.е. на принципот на одбивање и расејување на сончевата светлина,за да се постигне посакуваната заштита од UVA и UVB зраците, различни УВ филтри се комбинираат за да се постигне оптимален опсег на заштита.   

Препораки за бебињата 

Се смета дека кожата на бебето е до десет пати потенка од кожата на возрасните, што го прави многу полесно да се изгори. Затоа, детето до шест месеци не треба да биде изложено на сонце, и се препорачува детето да не остане на директна сонце до три години.

Избегнувајте го сонцето од 9 до 17 часот

Само неколку минути во сонцето и кожата на детето може да изгори. Затоа е препорачливо да се избегне сонцето помеѓу 9 и 17 часа кога зрачењето на сонцето е најсилно. Имено, нашата кожа се сеќава на негативните ефекти на сонцето Податоците покажуваат дека повисоката инциденца на малигнен меланом има кај луѓето кои имале изгореници во своето детство и младост. 

Потемните бои привлекуваат повеќе сончева светлина, затоа облечете го бебето во полесна светла облека по можност да ги покрива рацете и нозете. Можете исто така да изберете облека отпорна на УВ направена од специјални материјали.

Обавезно да се носат детски очила за сонце кој има 100% УВ заштита.

Употреба на креми за сончање - Да, но кај бебиња постари од три месеци.

Поради можноста за иритација, не се препорачува да се нанесе заштитен крем со заштитен фактор за бебиња помали од три месеци (запомнете дека детето не треба да биде изложено на директно сонце до 6 месеци.

Заштита за сончање на деца со SPF фактор 50 - што е помладо дете, заштитниот фактор треба да биде поголем.


Како да ја избереме вистинската крема и како правилно се нанесува?

 - Изберете крем со СПФ 30 или повисок, водоотпорен кој обезбедува широк спектар за UVA и UVB зраци.

 - Нанесете ја кремата во дебел слој на кожата 15 минути пред да излезете на сонце.

 - Нанесете доволно количество - Возрасните требаат околу 30 грама што е износот што можете да го држите во шака за да го покриете целото тело.

 - Сетете се на вратот, лицето, ушите, па дури и на прстите на нозете. Ако имате ограничена коса, нанесите крем на скалпот или носете капа со широк раб. Користете мелем за усни со SPF15.

 - Повторно нанесете ја кремата најмалку на секои два часа или веднаш откако ќе излезете од водата. На почетокот на летото пожелно е кожата да се навикне на сонцето.

- Одете полека, особено ако имате многу светла кожа, започнете со 15 минути на престојување на сонце со постепено зголемување.

- За еден ден, не смеете да бидете на сонце повеќе од три часа. Сонцето целосно се избегнува помеѓу 9 и 17 часот. Ниедна крема нема да може да ве заштити во тоа време.Во овој период од денот дури и не може убаво да се поцрни, само можеш да изгориш. Најдобро време да се оди на сонце е околу 17 часот до зајдисонце.

Последици од неправилно сончање?

- Сè што луѓето доживеале во форма на црвенило на кожата, изгореници или сончања како деца и за време на нивната рана младост за жал ке се рефлектира во 40 или 50 години. Во најлош случај, тоа ќе биде во форма на малигни тумори на кожата. Кожата е принудена да се брани од сонцето, ако е премногу изложена на него, што ќе доведе до задебелување, оштетување, сувост, иритација и ја губи еластичноста.Кога кожата ќе се оштети и кога је се јави фотостареење тогаш веќе е доцна. Превенцијата е најважна.

Оштетyвањето на кожата може да бидат краткорочни, акутни, во однос на изгореници и алергиски реакции.

Хроничните лезии на кожата кои се јавуваат поради прекумерна изложеност на сонце се преканцерози, актинична кератоза, рак на кожата (базоцелуларен и спиноцекуларен рак) и меланомот, а тоа се најважните причини за заштита од сонце.

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг