Млад шанкер остана во неверување кога кафе дојде да му порача Џејмс Милнер

Дерби

07/07/2019

13:41

3.121

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер остави еден млад шанкер без зборови откако се појави во кафетеријата во која работи момчето за да нарача кафе.

Ситуацијата во популарната кафетерија „Старбакс“ ја сними Адам Лалана кој ја објави на својот Инстаграм профил.

Видеото на кое се гледа момчето кое е воодушевено што познати личности го посетиле неговиот локал веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг