Летување од ноќен кошмар: Сакал да ги снима децата со дрон од воздух, а кога ја погледнал снимката замрзнал од страв

Точка

03/07/2019

22:01

22.301

Големина на фонт

а а а

Ден Вотсон бил со семејството на популарната плажа Њу Смирни на Флорида, кога им се случила филмска сцена.

Таткото од брегот ги набљудувал сопругата и трите деца како се капат, па помислил дека би било идеално да ги сними со дрон од воздух. 

Меѓутоа, кога погледнал што има во кадар, се шокирал. На само десетина метри од неговите деца се видела ајкулата. Таткото веднаш почнал да вика: "Излегувајте од водата".

На Инстаграм објавил две фотографии кои ги снимил, а на првата се гледа како ајкулата плива кон капачите, а на другата како тие трчаат од океанот, додека ајкулата оди кон длабочините.

"Кога размислуваш за ајкулите помислуваш дека се во длабока вода, никогаш не ги замислуваш толку блиску. Застрашувачки беше да гледам како се доближува до моите деца", рекла мајката Сали.

Инаку, на Флорида од 1882-ра година биле забележани 827 напади на ајкули, а последниот напад се случил минатата недела кога на истата плажа ајкула за нога гризнала 18-годишна девојка на даска за сурфање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг