НАСА праќа дрон на природниот сателит на Сатурн, Титан: Таму веројатно има живот

Точка

01/07/2019

17:50

3.372

Големина на фонт

а а а

НАСА објавила дека во 2026-та година ќе испрати беспилотно летало Dragonfly на Сатурновата месечина Титан кој на тој природен сателит ќе бара знаци за вонземски живот.

НАСА смета дека Титан е еден од најдобрите места за барање на “мали зелени“ едноставни организми.

Дронот Dragonfly ќе биде опремен со инструменти кои можат да регистрираат органски молекули и ќе можат да летаат наоколу и да истражуваат, меѓусебно оддалечени и неколку стотици километри, пишуваат од „Science Alert“.


Dragonfly со големина на автомобил

Да не се лажиме со името дрон. Не се работи за некоја мала направа. Dragonfly ќе биде многу поголемо летало. Ќе биде со големина на еден просечен автомобил, но поради густата и мирна атмосфера и слабата гравитација ќе може во текот на својата двегодишна мисија да помине подрачје од неколку стотици километри.

Иако ќе има способност да лета, сепак дронот поголемиот дел од времето ќе го поминува на тлото, мерејќи ги и анализирајќи ги податоците. Така ќе помогне во барањето на хемиските елементи и процеси кои произведуваат биолошки релевантни соединенија, гама спектометарот ќе го анализира површинскиот состав на тлото, а метеоролошките сензори ќе ги следат атмосферските услови.

Дополнително тој ќе ја фотографира околината и ќе ја мери сеизмичката активност на сателитот. Импресивно, зарем не? Единствената лоша страна, ако може така да се нарече, е тоа што Dragonfly до Титан ќе стигне дури во 2034-та година.

Зошто на Титан би имало живот?

Но, зошто баш Титан, што е на него толку многу специфично што ги поттикнало на научниците од НАСА баш таму да бараат некој облик на живот?

Титан е најголемиот природен сателит на Сатурн. Меѓу повеќе од 150 познати природни сателити во нашиот Сончев систем, Титан е единствениот со значајна атмосфера и едно за нас многу познато место, освен Земјата, која на својата површина има течности во облик на езера, реки и мориња.

Неговата атмосфера се состои од кислород, исто како Земјата. Има облаци, дожд, реки, езера, но има и јаглеводороди како метан и етан. Морињата на Титан се многу длабоки и до стотина метри.

Нешто се сокрива под неговата кора

Освен разните потоци на површината, уште поинтересни појави се кријат под неговите замрзнати површини. Таму се наоѓаат океани во кои има повеќе вода отколку метан.

Токму тоа подземно скривалиште на вода би можело да биде место погодно за живот каков што нам ни е познат, додека пак неговите површински езера и мориња во кои има јаглеводороди можат да создадат живот основан на различни хемиски процеси од нашиот, односно живот каков што не познаваме.

Таму веќе на кратко се спуштивме

Леталото Dragonfly нема да биде првото кое го посетило Титан. Sonda Huygens слетало на Титан во 2005-та година и успешно ја фотографирало неговата површина.

Во текот на спуштањето со падобран на сателитот, кое траело два часа и триесет минути, снимени се географски карактеристики кои многу потсетуваат на речните состави на Земјата. Но, наместо на вода тогаш наишле на површинска температура од околу -180 степени целзиусови и ток на метан, единствениот органски спој.

Sonda Huygens се спуштила на замрзнатата површина прекриена со чакал и продолжила да ги пренесува податоците на својот матичен брод во текот на 72 минути. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг