Остана прашањето зошто не победи: Антониа Гиговска повторно го “хипнотизира“ балканот со својата единствена емоција на сцена

Точка

29/06/2019

21:20

12.991

Големина на фонт

а а а

Вчера заврши големото финале на „Пинкови ѕвездички – All Stars“, на кое, за жал, единствената наша претставничка, Антониа Гиговска – не победи.

Во ова суперфинале Антониа со уникатната боја на глас испеа две емотивни, актуелни и тешки балади, едната беше „I Will Never Love Again“, од филмот „A Star Is Born“, на Лејди Гага, и добро познатата „Proud“, на Тамара Тодевска, на која пак Антониа беше пратечки вокал на Евровизија 2019.

На ова големо финале жирито не гласаше за своите фаворити, бидејќи изведувачите беа препуштени на гласовите од публиката. Иако Антониа не победи, таа сепак уште еднаш гордо ја претстави нашата земја, и без двоумење може да кажеме дека имаме млади таленти со кои Македонија во секое време може да се претстави во најдобро светло.

Слушнете ги двата беспрекорно добри настапи на Антониа од вчерашното суперфинале во Србија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг