Писмо на Босанец од Австрија стана хит: „Тоа е вистински терор над работниците!“

Точка

26/06/2019

21:13

6.845

Големина на фонт

а а а

Босанец кој живее и работи во Австрија, одлучил со сите да ги сподели своите искуства. Своето писмо го објавил на официјалната Фејсбук страница на Владата на еден кантон. Ова е неговото писмо:

„Дојдов во Австрија пред неколку месеци, па се сетив и на вас мои сонародници. Замислете, штом дојдов најдов работа. Овде луѓето отвораат работни места, а не како вас да затвораат фабрики и да ја бркаат способната работна сила дома. Во мојата мала фирма има 50 вработени, а само 3 канцеларии. Слушни добро, само три канцеларии.


Дали тие луѓе имаат воопшто поим за работа? Како во три канцеларии да стават тетка, чичко, вујко, син од кумот, навистина некако не ми е јасно?! Тие жени во канцелари мора да работат цели 8 часа, не стигнуваат да појдат ниту до продавница, па ниту да се напијат кафе или да им се јават на пријателите за време на работното време. Тоа е вистински терор над работниците! И она што е уште поголема глупост е тоа што ниту една од нив не е во роднинска врска со шефот, баш без врска!

Замислете сега уште поголем апсурд, работам и после точно еден месец ми стигнува платата, еј, ПЛАТАТА! Тоа е онаа ситуација кога го плаќате работникот за неговата работа.

Баш без врска земја, зарем не? Е па драги мои, време е да одлучите дали сакате живот во земја која само ви зема, а ништо не ви дава.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг