Оваа убавица е прогласена за најдобар модел за костими за капење на светот

Точка

26/06/2019

20:57

3.487

Големина на фонт

а а а

Зад Ирина Шајк се најдоа неколку тешки недели по разделбата со холивудскиот актер Бредли Купер, но токму 33-годишната убавица е именувана за најдобар модел за костими за капење на светот, пред Алесандра Амбросио и Емили Ратајковски.

Откриено е дека Ирина заработува до 60 илјади фунти по објава на Инстаграм каде носи модели од брендот “Louis Vuitton” и култниот бренд на костими за капење “Hunza G”, пренесува “The Sun”. 

Атрактивната Русинка се најде на врвот на овогодишната листа наречена “Queens of Swimwear”, составена од страна на компанијата за производство на костими за капење и долна облека “Bluebella” која проценила колкаво влијание имаат ѕвездите на социјалните мрежи.

Алесандра Амбросио, 38-годишниот ангел на Викторија, се нашла веднаш зад Ирина Шајк, односно на второто место. Бразилската убавица просечно добива околу 150 илјади лајкови на Инстаграм, а претходно оваа година го покрена својот моден бренд на костими за капење “GAL Floripa”.

Емили Ратајковски која има 23,3 милиони следбеници на Инстаграм е трета на листата. И покрај речиси 2-та милиони лајкови која 28-годишната манекенка просечно ги добива по објава, за неа не сметаат дека има големо влијание бидејќи голем дел од нејзините следбеници се мажи.

Еве ја целосната листа:

1. Ирина Шајк

2. Алесандра Амбросио

3. Емили Ратајковски

4. Ешли Греам

5. Кендис Свонпул

6. Рози Хантингтон-Вајтли

7. Џасмин Тукс

8. Лаис Рибеиро

9. Нина Агдал

10. Лупе Фуентес



Спонзорирани линкови

Маркетинг