Oppo ја претстави првата „селфи“ камера скриена под екранот!

Точка

26/06/2019

15:40

1.977

Големина на фонт

а а а

Компанијата Oppo го претстави своето ново револуционерно решени – првата „селфи“ камера која е сместена под самиот екран на паметниот телефон.

Производителите во изминатите неколку години на разни начини се обидуваа да пронајдат решение за тоа каде да ја сместат „селфи“ камерата, а притоа на корисниците да им понудат екран кој ќе се протега низ целата предна површина од телефонот.

Apple имаше „решение“ со таканаречениот “Notch”, односно засек на горниот дел од екранот, Samsung пак го претстави “Infinity O” екранот со мало дупче во горната десна страна каде што е сместена предната камера, а другите производители или нудат слични решенија, или се одлучуваат за „моторизирани“ компоненти, при што камерата излегува од самиот уред.

Сега, Oppo е на чекор пред сите и го претстави според многумина идеалното решение – совршен екран на целата предна површина од телефонот, а под него, сместена е селфи камерата.

Од Oppo открија дека за екранот е искористен провиден материјал кој работи со редизајнирана структура на пиксели, така што светлото може да стигне до камерата. Самиот сензор е поголем од останатите „селфи“ камери, односно има леќа со поголем отвор на бленда. Делот од екранот останува чувствителен на допир и од Oppo велат дека квалитетот на екранот воопшто не е загрозен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг