Тешки обвиненија на сметка на Инстаграм: „Не ги шпионираме корисниците!“

Точка

26/06/2019

09:56

1.541

Големина на фонт

а а а

„Инстаграм, апликацијата за споделување фотографии, не ги шпионира приватните разговори на своите корисници за подоцна да им праќа насочени реклами“ - изјавил денес директорот на оваа апликација, Адам Мосери, во интервју за американската телевизиска мрежа „CBS“.

„Не ги гледаме вашите пораки, не ги слушаме вашите разговори. Би било многу проблематично доколку го правиме тоа. Меѓутоа, Свесен сум дека ќе ви биде тешко да ми поверувате“ - изјавил Мосери.

Директорот на Инстаграм, филијалата на Фејсбук, одговорил на тоа прашање на новинарите, бидејќи на корисниците на Инстаграм им се појавиле реклами за одредени производи кои претходно ги спомнувале во нивните разговори на Инстаграм.


Прашањето на доверливоста на податоци на корисниците на социјалните мрежи е чувствителна тема со која се соочува и Фејсбук по скандалот од 2018-та година со податоците на девојчето кои ги презела фирмата „Cambridge analytica“.

Мосери го насочил вниманието и на технологијата за правење различни видео снимки на кои на некои популарни личности може да им се “стави во уста“ некоја изјава која никогаш не ја кажале. Тој вид видео снимки ги нарекол “длабоко лажни“ (deepfake).


Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, кон крајот на месец мај се налутила на Фејсбук, бидејќи таа социјална мрежа одбила да ги повлече “Deepfake“ снимките на кои изгледа дека зборува како да е под дејстово на алкохол. Мосери изјавил дека сè уште не постои политика против таквите снимки и додал дека Инстаграм се обидува да направи рамнотежа помеѓу безбедноста и слободата на изразување, што и не е толку лесно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг