Лионел Меси и Нејмар се играчи кои во изминативе две години се постојано при самиот врв кога се во прашање индивидуалните награди во фудбалот, а несомнено, Аргентинецот и Бразилецот заедно со Роналдо ја сочинуваат магичната тројка која е предизвик за сите останати играчи во светот.
Меси и Нејмар според последните најави, има големи шанси повторно да станат соиграчи, а во денови кога силно се шпекулира за вакво сценарио, со доста чудна изјава излезе Луи Ван Гал кој експресно си привлече огромен публицитет во јавноста. Искусниот холандски стручњак заклучи дека Меси и Нејмар не се тимски играчи и дека не се баш добри за тимска игра, став за кој сега доби доста жесток одговор од легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо.
– Меси, Нејмар и Кристијано се играчи кои прават разлика, и ниту тимот, а ниту тренерот не знаат како прават работи како да се од друг свет. Сепак, има многу тренери на кои не им се допаѓаат акви играчи, од едноставна причина што сакаат заслугата да оди кај нив. Поради тоа сакаат да зборуваат за играчи кои се добри како индивидуалци. Јас играв фудбал повеќе од 24 години и многу добро познавам тренери кои беа нормални играчи додека играа, а има и такви кои никогаш не играле фудбал. Денеска, како тренери, сакаат да кажам дека нивнит тим игра како тим, со единствена цел заслугата да падне на нивни гради, – порачува Ривалдо, јасно земајќи го за пример искусниот Ван Гал.