Наскоро пристигнува најбрзиот полнач за мобилни телефони на светот

Точка

21/06/2019

15:31

2.577

Големина на фонт

а а а

Конкуренцијата на полето на брзите полначи се заострува, а иако може да се каже дека актуелните брзини се пристојни, се чини дека за оваа компанија нема застанување.

Минатата година ги добивме првите полначи од 30 W и 40 W (One Plus и Huawei), а оваа година Oppo Find X беше првата компанија која го претстави екстремно брзиот 50 W SuperVOOC Flash Charge полнач. Но, од Vivo имаат намера да постават нов рекорд.

Од Vivo открија дека развиваат неверојатно 120 W Super FlashCharge полнење, кој според компанијата, ќе биде во состојба да дополни 50% на батерија со капацитет од 4000 mAh за само 5 минути, додека за целосно полнење на телефонот ќе бидат потребни само 13 минути.


Новиот полнач Vivo ќе го претстави на MWC Shanghai 2019 каде што пред целиот свет ќе биде демонстрирана неверојатната брзина на полначот.

Преостанува да видиме и колку ќе биде потребно за овој полнач од 120 W да дојде до корисниците, односно кога ќе се најде во продажните салони. Исто така, треба да се напомене дека ваквото брзо полнење драматично влијае на трајноста на батеријата, а постои опасност од големо загревање на телефонот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг