Фотографијата на твитерџијата Марк Лок на која се наоѓа жена која во подземната железница пие џин-тоник од чаша за вино е апсолутен хит на интернет.
Лок ја фотографирал непознатата госпоѓа која целата била облечена во црно, со собрана коса и со големи црни очила и пиела пијалок од чаша за вино во подземната железничка.
Фотографијата добила над 50.000 лајкови на Твитер.
Госпоѓата станала интернет сензација, а коментарите за нејзината појава навистина се фантастични.
„Токму сега ја видов својата иднина“ - напишала некоја воодушевена твитерџика.
„Знам кој да го поддржам за премиер на Велика Британија“ - друг коментар на фотографијата.
„Оваа жена ме охрабри да го живеам својот фантастичен живот токму вака“ - уште еден од коментарите на фотографијата.
На оваа госпоѓа никој не ѝ замерил зошто го крши законот, но сепак Лок ја избришал фотографијата од својот профил на Твитер затоа што добил маил од личност што ја познава оваа госпоѓа.