Големи планови на Apple за новиот iPhone: Најголем екран досега и 5G мрежа – но, ќе мора да почекаме

Точка

19/06/2019

17:20

2.098

Големина на фонт

а а а

Иако има уште многу време до септември 2020-та година, благодарение познатиот аналитичар кој со години ја следи американската компанија, веќе сега знаеме какви планови има Apple за во иднина.

Минг-Чи Куо, еден од најпознатите аналитичари кој со години го следи Apple и инсајдер кој досега во повеќе наврати објавил предвидувања кои се покажале како точни, ги објави плановите на американскиот технолошки гигант за 2020-та година.

Според Куо, се чини дека во 2020-та година конечно ќе пристигнат поголеми промени кај Ајфон паметните телефони. Од 2020-та година, сите три модели на Ајфон ќе пристигнат со OLED екрани, при што најевтиниот во понудата ќе има поддршка за 4G мрежа, додека сопствениците на двата поголеми и помоќни телефони ќее можат да сурфаат со 5G мрежа.


Исто така, новите модели ќе имаат и различни дијагонали на екранот, па така наследникот на XS ќе има помал екран (дијагонала од 5,4 инчи), додека Max моделот ќе има екран со големина од дури 6,7 инчи. Телефонот од XR серијата за 2020-та година ќе има иста големина на екранот – 6,1 инчи.

Тоа значи дека разликата помеѓу обичниот и премиум моделот на Ајфон повеќе нема да биде само кај екраните како изминативе години, туку во поддршката за мобилните мрежи од најновата генерација.

Слични гласини, според кои Apple нема да се брза со воведувањето на 5G мрежата кај своите телефони, односно тоа дека Американците ќе ги претстават првите Ајфони со 5G поддршка во 2020-та година веќе прочитавме, а сега тоа го потврди и Куо.


Компанијата на Тим Кук на почетокот ќе ги користи чиповите на Qualcomm за 5G мрежата, а се верува дека 5G чиповите кои Apple самостојно ги развива ќе бидат подготвени во 2022-ра година.

Секако, до септември 2020-та година има доста време и многу работи можат да се променат, но се чини дека главните планови на Apple се – нови дијагонали, OLED екрани за сите модели и два модели со поддршка за 5G мрежа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг