Galaxy Note 10 пристигнува на 7-ми август!

Точка

19/06/2019

16:17

1.724

Големина на фонт

а а а

Извори блиски до Самсунг откриваат дека јужнокорејскиот гигант својот паметен телефон Galaxy S10 Note ќе го претстави на 7-ми август во Њујорк.

Note е традиционално првата платформа на Самсунг за претставуавње на новите технологии, а според гласините, оваа година ќе бидат претставени две верзии со различни дијагонали на екранот, од кои една верзија ќе има поддршка за 5G мрежа.

Исто така, според последните гласини, наводно 3,5 мм влезот за аудио ќе стане минато, односно Самсунг ќе понуди некое друго решение за поврзување на слушалките.

Неодамна на социјалните мрежи се појавија и првите рендери направени врз основа на гласините, на кои може да се види дека горниот и долниот раб на предната страна е „елиминиран“, а Infinity-O екранот доаѓа со поинакво решение, односно поинакво позиционирање на камерата од десно горе (S10 и S10 Plus), на централно поставување на камерата.


Поголемиот Note 10 ќе има голем 6,75 инчен екран, додека помалиот модел ќе има екран со дијагонала од 6,3 инчи. Покрај тоа, на задната страна ќе бидат сместени три камери кои ќе бидат позиционирани вертикално.

Самсунг наводно повторно ќе го избере Barclays Center во Бруклин за претставување на новиот Galaxy 10 Note, а официјалното претставување најверојатно ќе биде на 7-ми август.



Спонзорирани линкови

Маркетинг