Голема веселба во домот на Ѓоковиќ: Денешниот ден во срцето на Новак зазема посебно место!

Точка

17/06/2019

19:26

3.301

Големина на фонт

а а а

За семејството на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, 17-ти јуни е посебен датум.

Јелена Ѓоковиќ денес го слави нејзиниот 33-ти роденден, а по тој повод на социјалните мрежи ѝ пристигнале многубројни честитки.

Новак во интервју за германското списание „Die Welt“ открил детали од својот однос со Јелена, за што иначе никогаш не зборува.

„Сè ѝ должам на мојата сопруга Јелена“ - изјавил Новак и продолжил:

„Таа ми помогна кога бев буквално “скршен“. Ми помогна кога повеќе немав мотивација да играм тенис. Тоа повеќе не ми се допаѓаше па ја прашав дали е вредно постојано да се соочувам со болката и заморот... Сакам да престанам“.

Ѓоковиќ моментално одмора во кругот на семејството и ги полни батериите за продолжување на сезоната каде што прво го очекува Гренд слем на Вимблдон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг