Ќе биде подобар од рускиот и американскиот? Европејците ќе проектираат ловец на новата генерација

Точка

17/06/2019

18:14

2.831

Големина на фонт

а а а

Шпанија се приклучила на француско-германскиот проект во изработка на авион ловец од новата генерација.

Ова е иницијатива која се смета за клучна за осигурување дека Европа може да се брани, а да не зависи од сојузниците во се понеизвесниот свет. 

"Dassault Aviation" и "Airbus" ќе направат воен авион кој ќе биде оперативен од 2040-та година, со цел "Rafale" и "Eurofighter" да бидат заменети, пренесува "Reuters".

Министрите за одбрана на Франција, Германија и Шпанија потпишале договор за започнување на трилатерална рамка на соработка на 53-тиот меѓународен саем за авијација во Париз.

Министрите седеле пред моделот од авионот, а францускиот претседател Емануел Макрон аплаудирал зад нив.

Француски "Safran" и германски "MTU Aero Engines" заедно ќе ги развијат новиот мотор за авионот.

Француската и германската влада очекуваат да вложат почетни 4 милијарди евра до 2025-та, од кои Франција, лидер на проектот, ќе даде 2,5 милијарди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг