По хоророт во Ѓорче Петров: Кривични пријави и против родителите на малолетничките што нападнаа 13-годишно девојче

Макфакс

05/05/2026

14:56

325

Големина на фонт

а а а

По случајот што ја потресе јавноста и предизвика бурни реакции, МВР поднесе шест кривични пријави против родителите на малолетничките поврзани со нападот врз 13-годишно девојче во скопската населба Ѓорче Петров.

Од МВР информираат дека пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „запуштање и малтретирање дете“, бидејќи нивните малолетни деца учествувале во физичкиот напад врз девојчето.

Настанот се случил кон крајот на минатиот месец, кога 13-годишната малолетничка била физички и психички малтретирана, а според информациите била и принудена да јаде кучешки измет и снимана со телефон.

Во врска со истиот случај, МВР претходно вчера поднесе кривична пријава и против четирите малолетнички на возраст од 17 и 14 години кои директно учествувале во насилството.