Истрага и предлог за притвор против осомничениот за убиството во Шуто Оризари

Макфакс

16/06/2019

11:12

1.385

Големина на фонт

а а а

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот кој вчера во семејна расправија избоде до смрт жена, а се обиде да го убие и нејзиниот сопруг.

Тој се товари за кривично дело- Убиство и кривично дело- Убиство во обид.

„Во текот на вчерашниот ден, по вербална расправија и физичка пресметка на двајца братучеди во населбата Шуто Оризари, осомничениот со нож влегол во куќата на оштетните, со цел да го лиши од живот својот братучед. Удирајќи го со нож во пределот на градите и абдоменот му нанел две убодни рани. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата братучеди застанала сопругата на оштетениот при што осомничениот замавнал со ножот и и задал удар во пределот на срцето од кој удар кај оштетената настапила смрт“ се вели во соопштението на обвинителството.

Имајќи ги предвид видот и тежината на кривичните дела што се ставаат на товар на осомничениот, како и тешките последици од настанот во кој без никаква вина во својот дом, мајка на малолетни деца го изгуби својот живот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг