Разголените манекенки го разбеснија светот со фотографиите од најрадиоактивното место на светот, а потоа се јавила и една од нив

Точка

13/06/2019

10:42

5.749

Големина на фонт

а а а

Откако серијата “Chernobyl” стекна огромна популарност и повторно фрли светло на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата, туристите во сè поголем број доаѓаат во украинскиот Припјат.

Меѓутоа, бројните, воглавно негативни реакции, ги предизвикаа големиот број манекенки кои се фотографирале полуголи во околината на Чернобил. 

##https://twitter.com/komacore/status/1137692054899908608##

Очигледно, радијацијата која е и понатаму силна на поединечни места во Чернобил не им смета, па тие се спремни на ризик за да добијат што е можно подобра фотографија.

Една од моделите на фотографиите е и Австралијанката Јулија Беслер која ја посетила нуклеарната електрана неколку пати, но тоа го правела и пред сите да почнат да зборуваат за серијата. Во текот на последната посета во мај оваа година, Јулија добила дозвола да влезе во контролната соба на реакторот број 4 кој експлодирал во 1986 година. 

Во таа прилика направила неколку фотографии, но подоцна ги избришала бидејќи ја нападнале дека “за неа ништо не е свето и дека прави сè за лајкови”.

Беслер вели дека нејзината посета на Чернобил немаат никаква врска со серијата или моделинг, туку го посетувала нејзиното момче кое е инженер.


“Ме интересира нуклеарна физика. Не дојдов затоа што е популарно туристичко место. Ги објавив фотографиите затоа што пружаа интересни информации кои сакав да ги споделам со другите, но не сакам да ме гледаат како некој инфлуенсер кој оди таму само затоа што тоа е во мода, тоа не е вистина”, објаснила таа. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг