Се распадна полуларното дуо 2Cellos: Стјепан и Лука подготвуваат соло албуми

Точка

12/06/2019

20:03

2.920

Големина на фонт

а а а

Како што дознаваме, Лука веќе почнал да снима албум во Рим, а Стјепан во Лондон. Хрватско-словенечкиот состав 2Cellos кое е составено од виолончелистите Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер одлучиле да стават пауза на нивната група и да го започнат снимањето на нивните самостојни соло албуми.

„Веќе подолго време Лука и Стјепан планираа да се разделат. Иако големата популарност ја стекнаа со глупата 2Cellos сепак сега тргнуваат да градат соло кариери“ - изјавил извор близок на овие момци.  


„Точно е. Двајцата почнаа да снимаат соло албуми. Лука снима во Рим, а Стјепан во Лондон“ - изјавиле од PR тимот на 2Cellos.


Да ве потсетиме дека Лука и Стјепан во 2011-та година потпишаа договор со „Sony Masterworks“ и издадоа 4 албуми, свирејќи инструментални обработки од познати песни од жанровите како што се рок, поп, класична и филмска музика. Ова дуо настапуваше насекаде низ светот, а имаа и неколку гостувања во американски тв серии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг