Што сè се крие во досието на Хју Хефнер: ФБИ го "обработувал" славниот основач на Плејбој уште од 50-тите години

Точка

12/06/2019

10:30

5.011

Големина на фонт

а а а

ФБИ објавил досие за основачот и главниот уредник на "Плејбој", Хју Хефнер, две години по смртта на легендарниот издавач, една од многуте познати личности кои агенцијата ги истражувала во текот на години, и чие истражно досие е од јавен интерес за новинарите, фановите и истражувачите.

Американската сојузна полиција го испрашувала Хефнер кон крајот на 1950-тите години и во текот на 60-тите поради "непристојните материјали", наведува ABC News. 

Досието исто така содржи документ упатен до тогашниот директор на ФБИ, Едгар Хувер, во кој агентот известува дека Хефнер и неговиот фотограф Едвард Опман се ставени под надзор за да се види дали некој од нив двајца пренесува порнографски снимки преку границите на сојузните држави. Истрагата не покажала дека се извршени такви дела.

"Лицата кои се испрашани рекоа дека Хефнер е премногу итар за да прекрши сојузни или локални закони", заклучила истрагата на ФБИ.

Хефнер подоцна бил уапсен во Чикаго поради објава на непристојни и сугестивни фотографии од Џејн Менсфилд, но бил ослободен.

Досието содржи и новински исечоци од случаи во кои Хефнер изборил право преку пошта да праќа списанија на Плејбој претплатници, а тоа да не претставува кршење на законот.

Кога лице од јавен интерес умира, ФБИ презема чекори за објавување на неговото досие на сајтот на ФБИ.

Досиеата на ФБИ за славните личности, меѓу кои се и Елвис Присли, Мајкл Џексон и Френк Синатра, се наоѓаат на сајтот, како и оние за поранешниот сенатор на Масачусетс, Едвард Кенеди и мафијашот Ал Капоне.




Спонзорирани линкови

Маркетинг