Темелковски: Општината ќе им исплати отштета на граѓаните за опожарените станови

Макфакс

10/06/2019

18:43

2.098

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, кој беше присутен за време на пожарот кој избувна во стан во зграда спроти спортската сала Расадник, изјави дека општината има посебен фонд за вакви несреќни ситуации и дека граѓаните доколку аплицираат ќе добијат финансиска помош.

„Општината си има фондови за вакви несреќни ситуации. Ќе ги чекаме извештаите од МВР и пожарникарите и со тие извештаи граѓаните ќе аплицираат за финансиска помош од општината. Сакам да им се заблагодарам за храброста кои пожарникарите ја покажаа денеска“, рече Темелковски.

Пожарот избувна во стан на петти кат во зграда на улица Народни херои, а најверојатно настанал од електрична инсталација во кујната. Во интервенцијата се повредени тројца пожарникари, а од зградата беа евакуирани седум станари. Пожарот зафати три стана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг