Видео: Старица е спасена од пламените јазици во Кисела Вода

Макфакс

10/06/2019

17:45

3.134

Големина на фонт

а а а

Стара жена е спасена од пожарот кој беснее во зграда во Кисела Вода.

Претходно беше спасено девојче. Во меѓувреме се евакуираат станарите. Пожарот избувнал попладнево, а не се знае што го предизвикало.

Од Противпожарната бригада соопштија дека во гаснењето на пожарот учествувале вкупно 11 возила, како и тоа дека пожарот е локализиран и ставен под контрола.

Од таму соопштија дека се спасени и евакуирани сите станари кои во моментот се нашле во зградата.

Од Противпожарната бригада замолија да им се овозможи слободен простор со цел да ја завршат работата целосно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг