НАСА ќе испрати хеликоптер на Марс!

Точка

10/06/2019

16:58

2.258

Големина на фонт

а а а

НАСА за следното лето планира нова мисија на Марс, а овој пат, покрај роверот, на Црвената планета, американската вселенска агенција за прв пат ќе испрати и хеликоптер.

Секако, тоа нема да биде класичен хеликоптер, туку специјално летало со елиси кое ќе може да полета и да слета вертикално. Хеликоптерот на НАСА веќе бил подготвен, а во изминатиот период леталото минало низ најригорозни тестирања во услови какви што владеат на Марс.

Освен тоа што ќе мора да „преживее“ на температури длабоко под нулата, хеликоптерот се прилагодува на посебна густина на воздухот во специјална вакуумска комора, а исто така се симулирале и влијанијата на гравитацијата на Марс. Исто така, извршени биле и тестирања со кои научниците сакале да се уверат дека овој хеликоптер ќе го издржи полетувањето со ракетата.

Сите досегашни тестови се покажале како успешни, така што очекувањата на научниците се навистина големи. Иако на хеликоптерот нема да има некои посебни инструменти, леталото ќе биде опремено со камери која би требало да даде прецизна слика од површината на Марс.

Исто така, со овој проект од НАСА сакаат да демонстрираат дека е можно од Земјата да се управува со беспилотно летало на други планети, па сега останува да почекаме уште една до две години за да го видиме и тоа достигнување на американската вселенска агенција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг