Видео: Приведени 223 полски навивачи во Скопје, судот ќе одлучува за казната

Нетпрес

08/06/2019

12:43

5.112

Големина на фонт

а а а

Полските навивачи кои вчера попладне беа приведени во Градскиот парк, утрово се однесени пред судија за прекршоци, известија од полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека после синоќешната тепачка во паркот меѓу поголема група навивачи, приведени биле 223 лица.

Биле однесени во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров, каде биле задржани цела ноќ. Бидејќи станувало збор за приведување на голем број навивачи, во полициските станици се пренесувале со автобуси.

Ние доставивме соодветни поднесоци до надлежен суд за прекршоци и сега тој треба одлучи за натамошната казна за навивачите. Очекувавме инциденти со полските навивачи и затоа постојано бевме во контакт со Полската амбасада. Успеавме да спречиме поголеми инциденти благодарение на големото присуство на полициски службеници низ градот, велат од Министерството за внатрешни работи.

Фудбалската репрезентацијата на Македонија синоќа на арената „Тодор Проески“ беше поразена од Полска со 1:0 во квалификациониот натпревар за пласман на Европското првенство во 2020 година. Победата на Полјаците им ја донесе Пјатек со голот во 47 минута.



Спонзорирани линкови

Маркетинг